Македонските одбојкари пристигнаа во Скопје. Овие момци за жал не успеаја да се пласираат во осминафиналето, но имаат што да слават, а уште повеќе на што да бидат горди.

Ја дигнаа македонската нација на нозе, успеаја да ги освојат срцата со лавовска битка и на оние кои не се фанови на одбојката.

Иако немаше организиран пречек, сепак најблиските на репрезентативците се погрижија да им приредат изненадување: Џамбо Агушев беше на собирот, се пешее и свиреше химната – Бисер Балкански.