Ромелу Лукаку и Марсело Брозовиќ, наводно, имаа жестока конфронтација во соблекувалната, по ремито 1-1 на Интер со Славија Прага завчерва во 1. коло од Лигата на шампионите.

Според весникот „Газета дело Спорт“, Лукаку ги обвинил своите соиграчи од екипата на Интер дека не покажале доволно храброст против Славија по натпреварот. Тоа очигледно не го „голтнал“ хрватскиот репрезентативец, кој го сметал за индиректен напад врз него. 

Весникот истакнува дека војната на зборовите не предзвикала поголем инцидент, затоа што се вмешале и останатите фудбалери. Оваа кавга доаѓа на само два дена пред дербито со Милан и тоа не е добра увертира за тимот на Конте.