Цветаноски и Мицевски ги дадоа головите, Гачевски во 92.минута одбрани фантастично, но Никола Серафимов беше беспрекорен и перфектен во победата на Вардар над Шкупи. Малиот Никола, пред еден месец наполни 20 години, добива шанса од тренерот Александар Васоски и истака максимално ја користи. Тој според нас е играч на колото. Покрај него од Вардар во тимот на 6.коло се и Гачевски и Цветановски. Од Шкендија тука се Бејтулаи, Алими и Фелипе, од Работнички Стојков и Марковиќ а од Силекс пак Серафимовски и Костовски, и секако од А. Пандев секогаш стандардно добриот Маслаќ.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

НИКОЛА СЕРАФИМОВ

Тим: Вардар

Роден: 11.08.1999

Кариера: Вардар, Пелистер, Брегалница, Вардар