Денешната победа на гостувањето во Штип против екипата на Брегалница (1-0) во големото дерби на 5. коло во 2МФЛ – Исток, за фановите на Тиквеш е нешто навистина посебно. Навивачите на кавадаречкиот тим подготвија вистинска фешта при враќањето на фудбалерите во својот град, фешта за која велат одамна не се памети, за што сведочи и видеото во прилог.