Ако некогаш сте се запрашале колку вредат некогашните големи ѕвезди на фудбалската сцена во денешни услови, науката има одговор и на тоа. Група научници успеаја да креираат алгоритам кој овозможува да се утврдат цените на играчите од минатото, и да ги споредиме со нивните наследници денеска.

Според алгоритмот, во денешни услови најскап светски фудбалер би бил  бразилскиот напаѓач Роналдо, чија вредност би била некаде околу 433 милиони евра. По него следуваат аргентинската легенда Диего Марадона со 345 милиони евра, Кристијан Виери (334,5 милиони евра), Мишел Платини (334,5 милиони евра), Марко ван Бастен (329 милиони евра) и Габриел Батистута (281 милиони евра).