Веста која прва се појави на “Спортмедиа” во текот на вчерашниот ден дека Булент Акин и Шкупи се разделуваат, доби потврда синоќа од страна на чаирскиот тим.

Испразнетото тренерско место ќе се пополнува со познато име. Ќатип Османи доскорашниот стратег на Шкендија кој освои две титули по ред слетува на Чаир.

Интерес има, преговори исто така сега останува само да се договорат сите услови со кои Ќато ни го водел чаирскиот тим.

Единствен “проблем” може да бидат понудите кои пристигнуваат на адреса на Османи од странски тимови. Останува да се види дали Ќато ќе “слета” на Чаир.