Шалке е во добра форма. Тимот од Гелзенкирхен дојде до третиот триумф по ред. После победата над Херта (3:0), Падеборн (5:1), вечерва стигна и над Мајнц. Потешко од очекувањата на „Велтинс Арената“ во Гелзенкирхен, „сините“ славеа со гол дури во последната минута.

Сердар во 37 минута му донесе водство на домашниот тим, а Онисиво во 74 минута донесе израмнување. И кога се чинеше дека Мајнц ќе освои бод на тешкото гостување, Харит во 89 минута успеа да погоди и да ги израдува домашните навивачи.

Шалке го освои својот 10-ти бод со кој се искачи на 2. место на табелата пред новото коло кое е на програмата викендов.