Нголо Канте во јавноста е познат по својата скромност. Иако заработува многу пари од фудбалот, сепак цврсто гази на земја и не сака да троши пари на непотребни работи.

Пред неколку години Канте како анонимен играч дојде во Лестер, а неговиот соиграч Џејми Варди, откри непознати детали од тоа време.

„Добро се сеќавам на тој момент кога дојде во клубот. Не сакаше да земе автомобил, секој ден трчајќи доаѓаше на тренинг и не сакаше да ја промени таа негова навика“, вели Варди.

Но кога станува збор за неговиот карактер, тој е различен надвор од теренот и во теренот.

„Како би го опишал? Добро момче надвор од теренот, но на теренот приказната е поинаква. Тој е вистинска напаст, не е важно каде се наоѓа топката, тој сигурно ќе ви ја земе“, додаде Варди.

Канте мина една сезона во Лестер ја освои титулата, а потоа потпиша за Челзи.