Вардар продолжува со одбраната на титулата во Лигата на шампионите. Македонскиот првак за првпат оваа сезона ќе игра пред своите фанови кога станува збор за елитното натпреварување.

И ракометарите едвај чекаат да излезат во СЦ „Јане Сандански“ да ја почвуствуваат онаа препознатлива амтосфера.

„Стартуваше ЛШ, секогаш сме возбудени. Прв меч на домашен терен и тоа како европски првак, чувството е посебно, едвај чекам да излезам на терен, ќе имаме полна сала, сите ќе дојдат не поздрават. Мора да одговориме на добар начин.

Знаеме дека ќе биде тешко без разлика дали е Порто, Кил или Келце. Но, сите знаеме како играме во Скопје. Не очекуваме лесни, но сигурно очекуваме два бода. Ќе биде комплицирано, поради нивната игра седум на шест, не верувам дека може да не изненадат премногу. Мислиме само на победа, чекор по чекор одиме напред“, изјави Дибиров.