И официјално НБА-лигата на својот официјален сајт објави дека Винс Картер потпиша едногодишен договор со Атланта и доколку одигра барем уште еден натпревар ќе влезе во историјата, како прв играч на кого му успеало да заигра во 22. сезона.

Картер ќе стане единствен и ако добие шанса во вториот дел, ќе постане единствениот кошаркар кој успеал да биде четири децении во НБА-лигата.

Во изминатите години, тој знаеше да потсети на славните денови, еден од најексплозивните, а истовремено најинтелегентниот кошаркар во најсилното светско клупско натпреварување, кој и натаму е одличен ментор за младите играчи, нешто што добро го сфатиле во Атланта.