Иако пред неполна година веќе го продолжи договорот со „црвените“, Садио Мане е на пат да потпише, нов, подобрен договор со европскиот шампион. Од повеќе извори доаѓа потврда на информацијата дека Ливерпул отвори разговори со Мане и неговиот агент за уште еден нов договор за голгетерот.

По помалку од една година подоцна, „црвените“ решија да одржат нови разговори за иднината на Мане, кој минатата сезона ја заврши со 22 гола во дресот на клубот во Премиер лигата.

Сенегалецот во моментов заработува околу 150.000 фунти неделно и е врзан со договор до 2023 година. Според италијанскиот новинар Николо Шира, Ливерпул сега е во преговори со Мане за да го обнови договорот до 2025 година. „Црвените“ сега му нудат плата од 11,5 милиони фунти годишно, што е еднакво на 220 000 фунти неделно.