Во интервју за турски медиуми, сега веќе екс тренерот на Шкупи, Умит Каран, зборува меѓудругото и за својата „авантура“ во Македонија. Тој оцени дека во нашата земја има многу добри и евтини играчи кои би можеле да играат во најдобрите клубови во Турција.

„Во Македонија има многу талентирани играчи, кои се евтини. На пример можете да најдете квалитетен играч, а да зема 600 евра. Турските екипи сакаат скап и звучен фудбалер, но јас препорачувам да одат таму и да гледаат. Можеби ќе најдат некој добар, а да не биде скап“, рече Каран.