Тениската кариера на Татјана Головин заврши на самиот почеток, на 20 годишна возраст, кога беше близу до првите десет на ВТА листата. Причината за нејзиното рано заминување од спортот беше хроничниот проблем со грбот.

Таа денеска има само 31 година и реши повторно да се врати на терените, по пауза од цели 11 години. Како медицината напредуваше со текот на годините, новите методи на лекување повеќе или помалку ја вратија Головин во нормала. Тенисерката која важеше за еден од најголемите тениски таленти во Франција заедно со Ришар Гаске во 2007 година стигна до четири финалиња на ВТА турнирите, победувајќи на две. Ова и помогна да ја заврши сезоната на 13. место на ВТА листата, а на почетокот на следната година да се искачи на 12-то место. Имаше само 20 години, а тогаш никој не можеше да замисли дека ги одигруваа последните натпревари во својата кариера.

 

View this post on Instagram

 

Reunited @chagabas @rolandgarros @fftennis @lacoste

A post shared by Tatiana Golovin (@tatianagolovin15) on

По неколкугодишно размислување, оваа 2019-та, Головин решава да се врати на терените.

„Ја разгледував можноста да се вратам цела година и, почнувајќи од летото, бев многу сериозна во врска со тоа. Покрај тактички тренинзи, пред еден месец почнав сериозно да се занимавам со физичка подготовка. Си поставив цел да се подготвам за почетокот на следната сезона, но сè ќе оди побрзо отколку што очекував – така што веројатно ќе се вратам во средината на октомври “, вели Головин.

Таа вели дека не може да каже дека здравствените проблеми се целосно решени и призна дека сè уште има болки во грбот и треба да најде начин да се справи со тоа.