Новиот напаѓач на француска Ница, Данецот Каспер Долберг, остана без часовникот вреден 70.000 евра. Како што информираат француските медиуми, 21-годишниот Долберг го оставил вредниот часовник во шкафчето во соблекувалната, но поради здравствени проблеми не бил на еден тренинг.

Кога се вратил следниот ден, часовникот „исчезнал“.

Долберг се пресели во Ница од Ајакс на крајот на минатиот летен трансфер период. Сумата на трансферот изнесуваше 20,5 милиони евра, а оваа сезона напаѓачот успеа да одигра само еден натпревар од француската лига 1.