Турски Истанбул Башакшехир на вчерашното гостување во Рим мораше да се појави без својата главна ѕвезда, Бразилецот Робињо. Тој не е повреден, ниту казнет, а причината за неговото незаминување во Италија е поврзана со судска одлука, тврдат медиумите во Италија.

Имено, Робињо беше осуден на деветгодишна затворска казна за групно силување во Италија. Скандалот се прошири во Италија уште во 2013 година,  кога во јануари 2013 година Робињо играше за Милан. Во тоа време, Бразилецот, заедно со уште петмина пријатели, силувал 22-годишна Албанка во ноќен клуб во Милано.

Поради ова, Робињо избега од Италија, и сега ни под разно не му паѓа на памет да се врати на Апенините, иако турските медиуми тврдеа дека бил повреден и затоа не е во тимот на Истанбул за ова гостување во ЛЕ.