Конор МекГрегор ќе се врати во октагонот во 2020 година. Ова го откри претседателот на УФЦ, Дана Вајт, кој разговараше со фановите на ММА на својата официјална страница на Твитер.

Засега не се знае кога точно МекГрегор би ја имал првата борба, но Вајт во неколку наврати информираше дека тој повторно ќе се бори и тоа е веќе сигурна работа.

„Конор беше подготвен за натпревар во Даблин на 14 декември. Токму тогаш имаме турнир во Лас Вегас. Сепак, ако не се појави таму за да се бори, ќе се врати кај нас во почетокот на годината“, изјави Вајт.

На 14 декември ќе се одржи Галата UFC 245. Засега се знае дека ќе има двајца шампиони Аманда Нунс – Макс Холовеј.