На 10 октомври нашата најдобра репрезентација против Словенија, во Скопје, ќе го одигра еден од најважните мечеви во квалификациите. Во случај на триумф и натаму имаме шанси во групата „Г“ да бидеме втори. На 20-тина денови пред тој меч, селекторот Игорл Ангеловски си има големи проблеми со одбраната. Ќе недостигаат тројца клучни играчи, и тоа Стефан Ристовски поради повреда, Дарко Велковски исто поради повреда и Егзон Бејтулаи поради три жолти картони. Познато е дека во дефанзивата сме доста „тенки“, еден да недостига е проблем, а камоли тројца.

Од тука се наметнуваат две дилеми за селекторот Ангеловски. Ако против Словенија тој одбере да игра во формација 3-5-2 ќе мора со „тројката“ Муслиу, Ристевски и Зајков, што секако дека е доста проблематично. Ако пак се реши за формација – 4-4-2, или 4-2-3-1, тогаш нема десен бек, ќе мора да бара решение, дали тоа значи дека ќе го врати Тошевски или пак ќе „измисли“ нешто, останува да се види.

Навистина немаме среќа, за најважниот меч ние сме „осакатени“ во дефанзивата.Некоја утеха е дека на наредниот меч со Полска, кој се игра на 13 октомври, Бејтулаи ќе има право да настапи.