Од утринава Шкупи и официјално има нов тренер, а тоа е легендарниот Ќатип Османи, шампионскиот стратег на Шкендија. Откако пред две недели се раздели со својата Шкендија, Османи имаше неколку понуди, но ја одбра онаа на Шкупи. Дознаваме дека доцна синоќа имало завршни разговори а од утринава и официјално Османи е назначен за нов шеф на струшниот штаб на Чаирчани. Во текот на денот тој ќе биде промовиран од страна на раководството на некогашниот трикратен шампион на Македонија.

Значи по Умит Каран и Булент Акин, Шкупи се реши за домашно решение, и не погреши. Ќатип Османи, со освоените три титули со Шкендија, е еден од нашите најдобри и најтрофејни тренери во историјата на ПМФЛ.

Инаку Османи своето деби како тренер на Шкупи ќе го има во недела на гостувањето кај Академија Пандев, во меч од 7.коло во ПМФЛ.