Давид Писонеро и неговите момци ги прават последните подготовки за неделната пресметка против Порто на домашен терен. За разлика од останатите противници во групата, овој пат Вардар ќе игра против еден поинаков тим, со различна тактика во напад.

Порто постојано игра „седум на шест“, што пак е главното оружје.

„Ова важен меч за нас. По победата против Монпеље, ова се значајни бода, па оние на гостински терен нема да имаат значење доколку не победиме. Ќе биде тежок меч, против нас имаме еден од најдобрите тимови кои играат најдобро седум на шест во светот. Играат многу добро, не играме често против таква екипа ќе видиме како ќе биде, ние не сме навикнати на таква игра, тоа се случува на крајот на една средба.

Прв домашен натпревар во Лигата на шампионите, многу важен натпревар за нас, секако дека сакаме да дојдеме до триумф“, рече Писонеро.

Шпанскиот стратег најави дека Вардар ќе нападне со сите расположливи сили.

„Нема да има отсутни, во Суперкупот штедевме сила и тоа беше моја одлука. Знаевме дека не чека важен натпревар со Порто и дека мора да штедиме сили. Ќе ни фалат само Стоилов и Толедо, кои ќе се вратат со тек на време“, додаде тој.