Голманот на Бешикташ, Лорис Кариус, повторно беше во фокусот на натпреварите во Лигата на Европа, откако направи уште еден несватлив „кикс“ по кој неговиот тим прими гол на гостувањето кај екипата на Слован во Братислава. Турите загубија со 4:2, а гневот на навивачите повторно се истури врз германскиот „киксер“.

„Знам дека оваа средба ги разочара навивачите. Може да се лутите и да бидете разочарани. Јас ја преземам одговорноста за првиот гол. Морав да играм посигурно. После тоа, сепак можевме да победиме. Но, ништо не одеше според нашиот план. Но, ве молам, ајде да се држиме заедно. Целиот клуб. Има уште многу натпревари оваа сезона. Потребна ни е вашата поддршка во моментов за да го надминеме ова“, напиша Кариус на својот Инстаграм профил.

Прашање е само дали и трпението на првите луѓе на Бешикташ е при крај, по сите овие грешки кои Кариус ги направи од неговото доаѓање во Истанбул.