Саутемптон според играта го надигра Бурнмут, но не и според резултатот. А тој на крајот се брои и изнесува 1:3 за гостинскиот тим кој што дојде до него речиси по двата гола во првиот дел.

Најпрво Аке во 10. минута донесе гостинско водство, а Хари Вилсон во 35. зголеми на 0:2.

Вард-Проус од пенал во 52. минута намали. Саутемптон потоа имаше уште две супер шанси за израмнување, па дури и да поведе. Но казната ги стигна во судиското надополнување кога по една голема грешка на одбраната, Калум Вилсон зголеми на 1:3, што беше конечен резултат.

Инаку статитистички Саутемптон беше далеку подобар противник во сите елементи. Имаше поголем посед на топка (64-36), дури 22 удари, наспротив 6 на противникот, од кои 5 во рамки на гол, а сите три на Бурнмут завршија во мрежата. И во додавањата домашниот тим беше далеку подобар, дури за три пати, но попусто. Единствено Бурнмут изведе повеќе корнери пет, наспроти четири на домашната екипа.