После ЛШ и ЛЕ клубовите се враќаат на домашните обврски. Денеска нема дерби меч но има неколку натпревари кои привлекуваат внимание и на кои вреди да се типува.

РУСИЈА 1

УФА – СПАРТАК МОСКВА

Уфа на свој терен успеа да го победи Зенит, а веќе во наредниот меч изгуби од Оренбург. Спартак е поразен на четири од последните пет натпревари (во првенството и ЛЕ), па не се осмелуваме да ви предложиме исход. Потпрете се на 0-2.

КИПАР 1

ОЛ.НИКОЗИЈА – АЕК ЛАРНАКА

АЕК едвај спаси бод во дербито со Омонија минатата недела (2:2) со двата гола од пенал на Иван Тричковски, а сега би требало да го земе целиот плен од ова гостување. Значи играјте 2 или комбинирајте ја со 2+ или 1+I&1+II.

ХОЛАНДИЈА 1

ТВЕНТЕ – ХЕРАКЛЕС

И двете екипи бележат подем во формата со тоа што Твенте е нешто подобар од противникот. Тимот од Еншеде нема пораз во шампионатот, а собра бодови против екипи како ПСВ, Херенвен, Утрехт. Нашиот прв избор е единица, а ако ви е преголем ризик тогаш одиграјте ГГ3+.

ШПАНИЈА 1

ОСАСУНА – БЕТИС

И двете екипи во овој дуел влегуваат без неколку првотимци со тоа што списокот на повредени кај Бетис е нешто подолг. Би се осмелиле да ви предложиме единица, а кој не се согласува или му е преголем ризик тогаш нека се потпре на 2-3 гола што е најчест исход кога играле меѓу себе.

ГЕРМАНИЈА 1

ШАЛКЕ – МАЈНЦ

Мајнц со победата над Херта минатото коло ја прекина серијата од четири едноподруго победи во првенството. Шалке ги победи Херта и Падерборн во претходните две кола и за првпат после јануари врза две победи. Да кажеме дека во февруари Мајнц го совлада Шалке со 3:0, а пред тој меч Шалке доби пет двобои и сите беа во рамките на 0-2 гола. И сега треба да победи со тоа што изборот на голови е 2-3.

АНГЛИЈА 1

САУТЕМПТОН – БОРНМУТ

Борнмут иако имаше голем број на повредени фудбалери успеа да го победи Евертон претходното коло и да ја крене самодовербата на високо ниво пред ова гостување на „Сент Мери“. Саутемптон не се дава толку лесно на домашен терен, па играјте ГГ.