Прволигашите на големо се влезени во последната фаза од подготовките за новата сезона, одигрување на контролни натпревари.

Работнички го забележа вториот триумф, по Пелистер го совлада Еуроникел со 96-105. Новиот стратег на најтрофејниот кошаркари колектив, Димитар Мираковски одигра со комбиниран состав, шест стандарни играчи, останатите беа од помладокот.

Следен тест за тимот од „Градски парк“ ќе биде одново Пелистер, меч кој ќе го одигра на домашен терен.

Гостивар беше подобар од битолчани на гостински терен, славеше со 84-94, додека пак амбициозниот Кожув немаше решение за Лариса беше надигран (112-58).