Импресивна глетка синоќа можеше да се види на стадионот на Партизан, на кој „црно – белите“ на мечот со АЗ Алкмар го бодреа преку 20.000 дечиња, не постари од 14 години. Оваа акција Партизан ја направи поради казната, на трибините имаше и деца од Велес.

Сепак не било така идеално и културно, и децата знаат да бидат по малку безобразни. Па така еден мал „гробар“, инаку фан на Партизан, во еден момент гестикулираше во стилот на Диего Симеоне и Кристијано Роналдо. Во налет на навивачки занос па и поради поголем адреналин, малиот „гробар“ крајно безобразно се „изрази“.

Кога сме кај Симеоне, кој тоа прв го направи на мечот Атлелико Мадрид -Јувентус, брзо доби одговор од Кристијано Роналдо кој на реваншот во ланската лига на шампионите, адекватно му врати на Чоло Симеоне.