Според она што можеше да се види на текстот на официјалната страница на Шкупи за промоцијата на Ќатип Османи, тој нема да ја води екипата со Академија Пандев. Причините се веројатно поради тоа што мора да се расчистат сите формалности околу претходниот тренер, а ќе нема време да го пријават новиот (пријавувањето беше до денеска).

Затоа тимот ќе го води досегашниот помошник Орхан Абди. Османи ќе дебитира на натпреварот од Купот со Силекс.

Затоа, пак, првенственото деби Османи ќе го има против Шкендија. Против „својата“ Шкендија со која ги забележа најголемите успеси во историјата. И тоа на „Чаир“ пред преполни трибини. Мотиви за Ќато ќе има, но ќе има и во Шкендија. Од тука се очеквуа тоа да биде еден одличен натпревар.