Познато име ќе седне на клупата на Осогово, која е празна по заминувањето на Александар Андов пред неколку денови. Тоа е Жанко Савов, некогашен познат фудбалер и тренер кој има водено неколку клубови од Првата и Втората лига. Се очекува набргу раководството на второлигашот од Кочани, да го промовира својот нов тренер. Инаку амбициозниот Осогово, го купија и Ацо Стојков, во првите четири меча во Втората лига -Исток доживеа исто толку порази. Савов ќе си има проблеми да ја дигне екипата од дното.

Да споменеме дека Савов и пред две години го водеше тимот на Осогово.