Косово, селекцијата која е во битка за пласман на ЕВРО 2020 преку квалификациите или преку Лигата на Нации, ќе добие играч на Јувентус во своите редови.

Станува збор за Анди Зеќири кој има 20 години и е член на Јувентус, а во моментов е позајмен во тимот на Лозана. Зеќири игра за помладите селекции на Швајцарија, меѓутоа според последните информации одговорил позитивно на повикот да биде дел од националниот тим на нашиот северен сосед.

Претходно за засилувања на косовскиот национален тим беа споменувани Елвис Реџбечај кој игра за Волфсбург, и 23-годишниот Кемал Адеми кој сезонава игра одлично во дресот на Базел.

Косово е инаку потенцијален ривал на Македонија во Лигата на Нации.