Од овој викенд MOZZART Македонија се приклучува кон хуманитарната кампања која Mozzart Србија со години наназад успешно ја реализира: Хуманитарен тикет – ПОЗНАТИТЕ ТИПУВААТ ЗА MOZZART. Наши познати спортисти и познати личности ќе пополнуваат хуманитарни тикети со уплата од 3.000 денари. Целата добивка ќе оди во хуманитарни цели. Треба да одберат неколку парови и да ги прогнозираат исходите. Стартуваме со голманот и капитенот на ФК Вардар – Филип Гачевски.

„Со задоволство се вклучувам во оваа акција на MOZZART и воедно истата ја поздравувам! Почестен сум што со мене ќе започне. Како човек сум хуманитарно настроен, сакам да помогнам, и затоа со задоволство ќе пополнам тикет кој се надевам дека ќе биде добитен, а потенцијалната добивка ќе ја донираме во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“ – потенцира Гачевски.

ОДАМ НА СИГУРНО…

Гачевски одбра шест парови со вкупна квота од 8.80, и ако тикетот е добитен тогаш добивката, со уплата од 3.000 денари, ќе изнесува 24.004 денари.

Морам да признам дека јас како фудбалер, како голман и пред се како капитен на Вардар не одам во обложувалница, но поради оваа акција на MOZZART секако дека не ми е тешко да прогнозирам некои резултати. И кога е веќе така, ќе одам на сигурно што се вели. Одбрав шест средби од сабота и недела. Првата е Евертон – Шефилд, ова би требало да е „1“, мислам дека домашниот тим е поквалитетен и гостите нема што да бараат. Следува парот Атлетико Мадрид – Селта, и тука според мене фаворитот победува. Ретко кој може на гости кај Атлетико да очекува нешто друго освен пораз, па така и за Селта.
Барселона не би требало да има проблеми на гости кај Гранада, а Арсенал дома ќе освои три бода со Астон Вила. Гостите не се лош тим, но кога Арсенал игра на „Емирејтс“ прво што ти паѓа на памет е да играш „1“. На натпреварот помеѓу Лече и Наполи, ќе одиграм 2ка, бидејќи Наполи периодов е во добра низа победи, и по триумфот над Ливерпул во Лига на шампиони, сега треба да има лесна задача да победи во овој дуел.
На натпреварот помеѓу Валенсија и Леганес ќе одиграм „1“. Валенсија пред неколку денови постигна голема победа против Челзи во Лондон. Имаат нов тренер кој треба да тргне со триумф и во домашното првенство, а Леганес не е екипа која може да му направи големи проблеми.