Ќатип Османи и дефинитивно ќе биде дел од Шкупи. Договорот е потпишан денеска, и е во трајност од две години. Со тоа чаирскиот тим доби големо засилување на својата клупа. Османи е најзаслужен за подемот на Шкендија, и двете по ред освоени шампионски титули во последните две сезони, а тој беше дел и од првата титула за тетовскиот тим.

Османи ќе го смени Булент Акин кој по само два меча се раздели со тимот од Чаир.

Со Османи во тимот доаѓа и неговиот доскорашен помошник Башким Љиворека.