Влегувањето на Пандев донесе свежина во таборот на Џенова на гостувањето кај Каљари. Гостинскиот тим успеа да дојде до израмнување, но само за кратко. Потоа следуваше целосно „тонење“ на тимот на Пандев. Македонецот влезе во игра во 74. минута.

Каљари имаше водство на почетокот од вториот дел преку Џовани Симеоне, екс фудбалерот на Џенова. На 1:1 израмни Куаме во 83. минута. Само што тргнаа од центарот, домашните играчи со автогол на Запата дојдоа до водство, а потоа и до трет погодок преку Жоао Педро за триумф од 3:1.

Ова беше втор пораз за Џенова во новата сезона.