Денеска на програмата се четири натпревари од 5.коло во Втората лига – Исток. Дербито се одигра завчера, кога во Штип екипата на Тиквеш со 1:0 ја победи Брегалница. Јасно е дека сите останати мечеви се во сенка на супер – дербито на двете најдобри екипи во Источната конкуренција.

Кит Го гостува во Прилеп, каде на Могила ќе се обиде да дојде до трите бода против Питу Гули. Пехчевци играат добро, но нивниот квалитет не кореспондира со нивната бодовна залиха, затоа ова е шанса за три бода. Кожуф по триумфот во Струмица, секако дека дома против Саса не би требало да има поголеми проблеми. Струмичани пак и гостуваат на Плачковица, а Осогово на „Никола Мантов“ со новиот тренер и тоа против Победа ќе оди на првите бодови сезонава.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 15:30 Ч

КОЖУФ – САСА

ПЛАЧКОВИЦА – БЕЛАСИЦА

ОСОГОВО – ПОБЕДА

ПИТУ ГУЛИ – КИТ ГО

БРЕГАЛНИЦА – ТИКВЕШ 0:1