Чарл Леклер, пилотот на Ферари, ќе стартува од пол-позицијата на ГН на Сингапур. Тој на денешните квалификации имаше најбрз круг од 1:36.217. Втор беше Луис Хамилтон со 1:36.408, а трет Себастиан Фетел со 1:36.437

На четвртото место се пласираше Ферстапен, додека од петтото место ќе стартува Ботас.

Утрешната трка стартува во 14:10 по средноевропско време.