Тотенхем не успеа да го преживее гостувањето на „Кинг Пауер“ стадионот и загуби со 2:1 од екипата на Лестер во денешниот воведен меч од 6. коло во Премиер лигата. Гостите од Лондон поведоа со еден неверојатен гол на Хари Кејн во првиот дел, но во вториот дел дозволија Лестер да ја преземе играта во свои раце, да го диктира темпото и да слави.

Најпрво со голот на Переира домашните во 69. минута израмни на 1:1, за во последните 5 минути на средбата еден од најдобрите фудбалери на Лестер оваа сезона, Медисон, да погоди за победа од 2:1.