Марија Долорес Авеиро, мајка на Кристијано Роналдо , призна дека нејзиниот син бил голем навивач на Бенфика пред да се пресели во Спортинг на 12 годишна возраст.

„Имав разговор со претставници на Спортинг, кои сакаа да го одведам Кристијано за да го видат. Јас секогаш бев за Спортинг, па се согласив. Љубовта кон Спортинг ја всади татко ми. Кристијано, пак, навиваше за Бенфика поради татко му. Но, веднаш штом стигна во Спортинг, тој стана вистински фан на овој тим. И до ден денеска е така“, вели Марија.