Хет-трик на Бернардо Силва, победа на Манчестер Сити од неверојатни 8:0 над Ватфорд.

„Граѓаните“ буквално го наполнија гостинот, а херој беше португалскиот напаѓач кој стрелаше трипари во мрежата на Ватфорд. Во листата на стрелците се запишаа и Давид Силва, Де Брујне, Агуеро, Марез и Отаменди. Oва е највисока победа на Сити во Премиер лигата, а воедно и највисок пораз на Ватфорд во елитната англиска лига.

Во првиот меч од ова коло Лестер на свој терен го победи Тотенхем со 2:1, а Барнли со двата гола на Вуд беше подобар од Норвич. Додека Шефилд како гостин успеа да го победи со 2:0 Евертон, што секако дека е изненадувње. Головите беа дело на Мина кој си даде автогол и Мусет во 79. минута.