Денеска во рамките на 4. коло на Серија А се одиграа два меча, а вечерва е третиот меѓу миланските ривали Милан и Интер.

Удинезе го запиша третиот пораз по ред. После падот од Парма и Интер, денеска на „Фриули“ се посрамоти против Бреша која си замина дома со триумф од 1:0. Ромуло го постигна победничкиот гол во 57 минута, а нашиот интернационалец Илија Несторовски ги одигра последните пет минути за „црно-белите“ од Удине.

Јувентус одигра колку што требаше за да прокнижи три бода против Верона на свој терен. Гостите дојдоа во предност во 21 минута. Една минута претходно Ди Кармине од пенал ја погоди стативата, топката се одби до друг играч на Верона кој ја погоди пречката, но гостите пак дојдоа до топката и во продолжение на акцијата го матираа Буфон. Мигуел Велосо постигна фантастичен гол.

Меѓутоа во 31 минута на асистенција на Роналдо, велшкиот играч за врска Арон Ремзи со изедначи резултатот, а на почетокот на второто полувреме Роналдо од пенал носи пресврт но и победа со оглед дека до крајот остана 2:1.