Вардар во недела го игра првиот меч на домашен терен во Лигата на шампионите. Во СЦ „Јане Сандански“ гостува незгодниот Порто, кој со својата препознатлива игра „седум на шест“ е вистинска закана за противниците во елитното натпреварување.

Ракометарите на македонската гордост имаа доволно време да подготват соодветна тактика за овој натпревар, но како што рече Тимур Дибиров, главната сила и инспирација доаѓа од трибините. Рускиот репрезентативец едвај чека да излезе на теренот, одново да заигра пред полни трибини.

„Очекувам полна сала и како и секогаш мора да одговориме со добра игра. Без разлика кој е противникот секогаш ќе биде тешко, па очекувам многу голема поддршка. Сите добро знаеме како ние играме во Скопје“, рече Дибиров на прес-конференцијата.

На еден пред утрешниот меч, поред официјалната страница на „ТикетсПлус“ во слободна продажба има околу 1.000 билети, што пак ветува одлична атмосфера. Македонскиот првак во одбраната на титулата во ЛШ ќе има загарантирани 4.000 фанови на секој натпревар, како никогаш досега сезонските билети се продадоа во рекорден број.

Дуелот меѓу Вардар и Порто е закажан во 17 часот, оние кои немаат купено карти истите можат да ги напабават преку продажната мрежа на www.ticketplus.mk или на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”.