Во меч од 7.коло во ПМФЛ, Ренова по трите порази по ред успеа на жешкото гостување во Ѓорче да победи, и да им се врати на победите. Решавачкиот момент се случи во 50.минута кога екс – „лавот“ Илирид Адеми успеа да ја затресе мрежата на Марко Јовановски за големи три бода. Македонија ЃП сега е во серија од два порази по ред.

Ако во првиот дел немаше којзнае, освен инцидентно што да се опише од овој меч, во вториот дел се беше поинаку. И Македонија ЃП и Ренова ја отворија играта и шансите се редеа една по друга, и тоа пред двата гола. Сепак Ренова поведе и тоа со голот на Илирид Адеми во 50.минута, сам се направи, си се намести и успеа да го совлада Јовановски. Следува колосалната шанса за Јашаровски за „лавовите“, а што да се каже за зицерот на Гафури во 74.минута, потешко беше да се промашил. Супер шанса за 2:0 за Ренова која беше испуштена. Но и со 1:0 „гипсарите“ секако дека се презадоволни.