Могамедгаџи Нуров (-97 кг) е првиот македонски олимпиец кој ќе учествува на Летните Олимписки игри во Токио 2020 година и првиот спортист од Македонија кој по 12 години што обезбедил директна олимписка „виза“ . Натурализираниот Македонец во репасажот на СП во борење во градот Нур Сулатан (Казахстан) го совлада Николај Чебан од Молдавија со 2:1 со што обезбеди борба за бронзениот медал против домашниот борач Алишер Јергали.

Вчера Нуров славеше против Хосам Мерџани од Египет со 9-1, а потоа во осминафиналето беше подобар од Хозе Даниел Дијаз Роберти од Венецуела со 7–2, додека во четвртфиналето Нуров му се спротивстави на најдобриот борач во светот Русинот Абдулрашид Садулаев и загуби 0-6.