Карим Бензема е човекот на одлука за Реал (М) на гостувањето кај Севиља во големмото дерби на 5. коло во шпанската Ла Лига. Французинот со гол во 64. минута, успеа да им донесе злато вредни три бода на „кралевите“, кои со оваа победа се израмнија со Атлетик Билбао на врвот на табелата во Ла Лига со по 11 бода.

Севиља имаше шанса да го израмни резултатот на две минути пред крајот на мечот, но голот кој го постигнаа беше поништен поради офсајд. Севиља остана со 10 бода на делба на 3. место на табелата. Мадриѓани остануваат непоразени по пет кола во новата сезона, исто како и Атлетик (Б) и екипата на Осасуна.