Ништо ново кога станува збор за мак – фудбалот. Еден официјално е тренер, а друг се води како прв тренер на екипата со потребната лиценца и со тоа се запазуваат прописите на ФФМ. Па така тренер на Шкендија е Ерхан Селими, а во записникот за мечот со Струга Трим Лум, кој треба да започне во 15:30 часот, шеф на стручен штаб е ставен Фестим Адеми, кој е координатор на првата екипа, барем беше до промените кои се случија во нашиот шампион.

Ова само едно значи, Селими ќе си ја води екипата а Адеми е назначен за шеф на струката на шампионот, само поради користење на неговата УЕФА Про лиценца. Рековме ништо ново во мак – фудбалот.