Фудбалерите на Ливерпул испишаа историја, станувајќи првиот тим во историјата на Премиер лигата кој успеа да победи на воведните 6 натпревари во две последователни сезони. На тој начин, тимот остана лидер на табелата со 5 бода предност пред шампионот, Манчестер Сити.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не можеше да биде незадоволен, особено што оваа шеста победа стигна на тешкиот терен во Лондон, против силниот Челзи.

„Досега се одиграни само 6 натпревари. Сè уште ништо не сме освоиле и затоа мора да продолжиме да се бориме. Треба да бидеме подготвени за секој противник. Сега сите не демнат и чекаат да најдат начин да не победат. Така треба и да биде. Сепак, ние сме должни да бидеме подготвени и да направиме се што се бара од нас“, вели Клоп.