Металург останува без тренер. Челниците на клубот и српскиот тренер Дамир Стојановиќ ќе ја прекинат соработката.

„Покрупни разлики во ставови и мислења и од ден во ден јазот стануваше се поголем. И тоа траеше се до моментот кога и двете страни заклучија дека заедничка иднина нема да донесе нешто добро“, открива „g-sport.mk.

Металург го очекува настапот во ЕХФ Купот, па токму затоа разделбата со Стојановиќ доаѓа во вистинско време, тимот од Автокоманда во најскоро време ќе го назначи новиот стратег, кој ќе се вклопи во целата приказна.