Екс-менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, вели дека заслужено бил отпуштен од функција тренер на „црвените ѓаволи“, но може слободно да каже дека овој Манчестер Јунајтед под водство на Солскјер е полош и од неговиот поради кој доби отказ.

„Јас не сум човек кој треба да одговара на прашањата за проблемите на Манчестер Јунајтед. Поминав две сезони таму, за време на кои чувствував многу позитивни аспекти и сфатив каде треба да го насочам клубот. Третата сезона не беше доволно добра. Ме отпуштија, а бев отпуштен заслужено, затоа што бев одговорен како главен тренер. Но, тажната реалност е дека сега Манчестер Јунајтед изгледа уште полошо отколку со мене. И ова е тажно. Луѓето мислат дека уживам во ситуацијата, но воопшто не ми се допаѓа“, потенцирал Португалецот.

На стартот на новата сезона Манчестер јунајтед се наоѓа на осмото место на табелата во Премиер лигата, со 8 освоени бода.