За најдобар тренер е именуван Јирген Клоп, германскиот стручњак кој минатата сезона го предводеше Ливерпул до европската клупска титула инаку своја прва во кариерата, а за малку не ја освои и Премиер лигата. Тој во конкуренција ги победи Пеп Гвардиола од Манчестер Сити и Маурисио Покетино од Тотенхем.

Kлоп беше избран за најдобар според гласовите на новинарите, селекторите од сите европски репрезентации, капитените и навивачите регистрирани на официјалната страница на ФИФА.