Носителот на бронзен медал од последното светско првенство во борење, слободен стил, Могамедгаџи Нуров, вечерва е во СЦ „Јане Сандански“ каде со првиот човек на Боречката федерација го следи ракометниот дуел меѓу Вардар и Нексе, во рамките на СЕХА лигата. Денеска Нуров имаше и прием во Агенцијата за млади и спорт, по големиот успех, освоениот медал и обезбедената олимписка норма за ЛОИ во Токио 2020.