Кил се соочува со проблеми во продолжение на сезоната. На дуелот со Веспрем на кој германскиот тим славеше се поведија дури тројца ракометари, еден од нив ќе мора паузира најмалку два месеци.

Станува збор за Штефен Вајнхолд кој има повреда на лигаментите на коленото, најверојатно ќе се врати кон крајот на полусезоната. Ова значи дека нема да биде во составот на Кил за дуелот во Скопје закажан за 12 октомври.

Лукас Нилсон истот така е на листата на повредени, има проблем со десното рамо, па најавите се дека ќе го пропушти Мешков Брест, но ќе биде на располагање на мечот со Вцелар во домашниот шампионат закажан за втори октомври.

Под знак прашалник за ЛШ е пикерот Патрик Винчек, има набиен прст, па ќе мора да паузира кратко.