Дуелот меѓу прашките великани Славија и Спарта спаѓа во едно од најголемите во Европа. Учесникот во Лигата на шампионите го разби противникот со 3:0, а вториот погодок беше ептен смешен. Тој падна во 55 минута кога Михал Сачек си постигна автогол. После карамбол во шеснаесетникот на Спарта, топката ја собра нигерискиот напаѓач Петер Олајинка кој шутна, а топката удри во задникот на паднатиот Сачек и го измами својот голман.