Македонската футсал репрезентација одигра 3:3 против Босна и Херцеговина на првиот контролен натпревар меѓу двете селекции одигран во Бихаќ. Нашата репрезентација два пати се враќаше од негатива од еден гол, а сепак беше поблизу до триумф откако Мицевски погоди за водство на Македонија од 3:2 во 35. минута. Домашната селекција успеа да израмни во следната минута за конечни 3:3.

БиХ – Македонија 3:3 (1:0)

Стрелци: 1:0 Алаџиќ (12′), 1:1 Мицевски (24′), 2:1 Јелиќ (26′), 2:2 Де Соуса (27′), 2:3 Мицевски (35′), 3:3 Кахвеџиќ (35′).

Македонија: Иван Стојановски, Зоран Левески, Таулант Исмаили, Иван Крстевски, Исмет Чека, Реџеп Сулејмани, Адријан Мицевски, Ферид Агуши, Седат Зибери, Драган Петровиќ, Јакуп Рамадан, Антонио Петровски, Даниел Де Соуса, Реџан Мустафов. Селектор: Иван Божовиќ.