Повредата на Ахиловата тетива, која го извади Кевин Дурант од финалето во НБА лигата и веројатно го чинеше Голден Стејт Вориорс нова титула, обично бара закрепнување од десет месеци, што значи дека Дурант би можел да се врати на терените околу почетокот на плеј-офот.

Сепак, Бруклин Нетс објавија дека нивното големо засилување воопшто нема да игра наредната сезона, дури и ако доволно закрепне од повредата.

„Нема да планираме на него за следната сезона. На крајот на краиштата, тој ќе биде прашан кога ќе се врати и како се чувствува, но очекуваме тој да биде ‘надвор’ една година. Секако дека ќе сака да игра, но влогот е голем, па затоа имаме долгорочен пристап“, рече генералниот директор на Нетс, Шон Маркс.